„Односите меѓу Туркије и Израел се многу чувствителни. Ние го знаеме тоа. Но, кога ќе се случи катастрофа се заборава на се. Дојдовме тука да им помогнеме на луѓето, затоа што сакаме да спасуваме животи“
„Кога ќе се случи хуманитарна катастрофа политиката се става настрана затоа што сакаме да спасуваме човечки животи“, вели член на доброволната спасувачка група која од Израел пристигна во Туркије.
Рејчел на аеродромот во Адана говореше за спасувачката мисија на организацијата „Едно срце“ од Израел.
„Односите меѓу Туркије и Израел се многу чувствителни. Ние го знаеме тоа. Но, кога ќе се случи катастрофа се заборава на се. Дојдовме тука да им помогнеме на луѓето, затоа што сакаме да спасуваме животи“, вели таа.
Рејчел која работи како медиумски директор на делегацијата за спасувачки мисии посочува дека нејзиниот тим е составен од осум луѓе, еден локален член и седум од Израел.
„Кога и да одам на помош во друга држава не ми е важно дали луѓето се Евреи или Турци“, вели Рејчел.
Таа посочува дека фокусот на делегацијата е ставен на контактирање на цивили во погодените области и нудење помош каква што им е потребна.
„Кога ќе чуеме за некоја катастрофа како земјотрес веднаш организираме делегација со соодветна опрема“, вели Рејчел чија организација е присутна и во Украина со хуманитарни цели.
„Нашата мисија е да ги детектираме потребите, местата каде се сместуваат и да ги забележиме сите потребни на децата и мајките за да може да испратиме друга делегација со соодветни средства и ако е потребно да организираме сместување или прибежиште“, дополнува Рејчел.
Според Рејчел, израелскиот тим ќе остане во Адана и ќе му се придружи на израелскиот персонал кој веќе е во зоната на земјотресот за операции за пребарување и спасување.
Израел се приклучи на напорите за помош од земјотресот во Туркија со 450 луѓе.
Исто така, од израелските сили беше подигната теренска болница во провинцијата Кахраманмараш, епицентарот на земјотресот, која ќе работи на обезбедување секаква медицинска помош на настраданите.
Најмалку 31.643 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари, соопшти Претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Минатиот понеделник земјотресите со јачина од 7.7 и 7.6 степени погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 провинции, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.
Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Туркије.
Повеќе од 238.400 членови на тимовите за пребарување и спасување моментално работат во зоната на катастрофата информира АФАД.
TRT Balkan