Во финалето на плеј-офот за Чемпионшип за пласман во Премиер лигата, на славниот „Вембли“, Саутемптон беше подобар од Лидс и се врати во елитата.
Пред повеќе од 85.000 гледачи во Лондон, „светците“ триумфираа со резултат 1:0 (1:0).
Така, тие им се придружија на Лестер и Ипсвич, кои претходно изборија влез во Премиер лигата.
Во натпревар „вреден“ 178.000.000 фунти, атмосферата беше извонредна и играчите од двата тима дадоа се од себе да придонесат за тоа.
Сепак, на крајот навивачите на Саутемптон имаа повеќе причини за славење, бидејќи Адам Армстронг го прекина ќор-сокакот со гол во 24. минута.
Тој се најде во прилика и дијагонално од десната страна го погоди далечниот агол, што беше клучен момент во целата игра.
Лидс имаше свои шанси подоцна, особено во вториот дел, а Даниел Џејмс ја промаши најдобрата.
Во 84. минута фати полуволеј од работ на шеснаесетникот и со топовски удар ја затресе гредата, а топката малку пред гол-линијата се одби од рамката и во полето.
Таму пропадна последната реална можност Лидс да ги освои продолженијата и со тоа остана без премиерлигашот.