Ѕвездата од „Only Fans“ откри дека заработила неверојатна сума пари спиејќи со повеќе од 500 мажи во еден ден.
Ени Најт, 27-годишна креаторка на содржини од платформата „Only Fans“ од Австралија, изјави дека моментално заработува околу 300.000 долари месечно, што е повеќе од 3,5 милиони долари годишно.
На почетокот на нејзината кариера во „Only Fans“, таа заработувала околу 5.000 долари месечно, а сè уште работела во маркетингот. Откако била отпуштена поради објавување содржини за возрасни, таа решила да се занимава со тоа со полно работно време. Потоа нејзините приходи се зголемиле на 30.000 долари месечно, а подоцна на 100.000, па дури и на 200.000 долари месечно.
Посебен пресврт во нејзината кариера се случи откако јавно сподели план да има односи со повеќе од 500 мажи во еден ден . Иако овој предизвик заврши со нејзина хоспитализација поради обилно крварење поради ендометриоза, токму тогаш нејзините приходи значително скокнаа.
– Дали завршив во болница затоа што имав секс со 583 мажи за шест часа? Да. Дали се каам за нешто? Не. Дали сакам повторно да го направам тоа? Исто така да – изјави таа.
Иако сè уште не знае каков ќе биде нејзиниот следен сексуален предизвик, таа сака тоа да биде нешто „забавно и возбудливо“.
Покрај големите приходи, Ени нагласи дека сериозно пристапува кон финансиите, редовно плаќа даноци со помош на сметководител и издвојува процент од својата заработка. Таа поседува четири имоти, од кои три се хипотекарни, а неодамна купила и куќа од соништата во Квинсленд за 2,7 милиони долари, објавува „Њујорк пост“ .
И покрај луксузниот живот, таа тврди дека не е расипничка, туку дека претпочита да штеди и инвестира.