Спиењето во нередовно време може да го зголеми ризикот од срцев удар и мозочен удар, предупредуваат научниците.
„Регуларноста на спиењето може да биде поважна од самата должина на спиење за да се намали ризикот од големи кардиоваскуларни проблеми“, откри истражувачот и научник Жан-Филип Чапут кој анализирал податоци од повеќе од 72.000 луѓе за Daily Express.
Емили Мекграт, постар медицинска сестра во Британската фондација за срце, додаде дека не е сосема јасно како спиењето го штити срцето, но познато е дека нарушувањата на спиењето го зголемуваат нивото на CRP, протеин кој укажува на воспаление поврзано со болести на срцето и крвните садови.
„Спиењето индиректно влијае и на здравјето на срцето бидејќи може да ги обликува нашите животни навики“, истакна таа.
Во истражувањето учествувале 72.269 луѓе на возраст меѓу 40 и 79 години, без историја на значителни проблеми со срцето. Учесниците носеа тракери за активност за да ги снимаат шемите на спиење. Резултатите покажале дека луѓето со неправилни обрасци на спиење имале 26 отсто поголем ризик од проблеми со срцето и крвните садови, дури и по прилагодување на факторите како физичка активност.
Дури и умерено неправилните обрасци на спиење го зголемуваат ризикот за 8 проценти. Научниците заклучија дека неправилностите на спиењето се „силно поврзани“ со зголемен ризик од срцев и мозочен удар и дека редовниот сон треба да стане клучен дел од здравствените препораки.