Бранејќи ја законитоста Уставниот суд всушност создаде конфузија и револт кај најголемиот дел од населението. При огромен број протести, штрајкови и незадоволства заради ниските плати донесе одлука која ја подгрева и онака запалената атмосфера. Тој не одлучи мериторно да не биде против работниците и го поттикна незадоволството во јавноста. Уставните судии, како партиски војници одработувајќи за потребите на нивните политички ментори од власта, а тргнувајќи и од сопствениот интерес, укинаа два става од Законот за плати што е во полза и на нивните повисоки плати. Тие одлучуваа како заинтересирана странка.
Дали е ова етички или е спротивно на уставните начела е прашање на кое одговор треба да дадат самите.
Доколку беа свесни за последиците од нивната одлука тие ќе се изземеа од незиното донесување.
Сега самите како да бараат ветинг и тоа што поскоро.