За Социјалистичката партија на Македонија измените во ознаките на македонската полиција со тројазични натписи се оценети за противуставни и неприфатливи.
Актуелната влада која е водена од кадрите на ДУИ, поддржана од кадрите на СДС, е влада со карактеристики на апархејд каде малцинството владее со мнозинството. Таквиот систем не го демократизира општеството туку го дели и ги маргинализира силите за негов развој. Тоа нелегитимните Ковачевски и Спасовски го игнорираат и работат спротивно на Уставот.
Намањето инцијативност и неспособноста на СДС да управува се докажани, а се потврдени со неуспешен и успорен развој во годините на нивното владеење. Затоа ДУИ ги презема сите важни функции и го маргинализира СДС. Кадрите на ДУИ ги водат најважните економски и политички ресори и ги богатат албанските бизнисмени и граѓани кои прераснуваат во олигарси и тајкуни кои ја превземаат економската власт и управувачката структура во државата.
На долг рок СДС ја уништува Македонија и идентитетски и економски, а со немањето способност да менаџира се уништува и раслојува себеси како партија.
Паѓањето на оваа ненародна влада е импертив без кој нема државата Македонија да се движи напред.
Светот е мултиполарен и треба да се соработува со сите држави за да може економски да се просперира и опстојува.
Подреденоста на власта на кадрите на ДУИ и останувањето на власт по секоја цена е раст на канцерогеното ткиво кое ја уништува иднината на државата.
Незнаењето, некадарноста, но и лукративноста, се главните каратеристики на кадрите на власта. Уништувањето на иднината на генерации со експерименти во образованието, во културата, спортот, вработувањето, исселувањето ги прави злосторници кон сопствениот народ.
Ступидните бугарски барања нормална власт не би ги дискутирала, а камо ли да ги прифати. За жал оваа отуѓена власт бесрамно го лаже сопствениот народ дека нема друго решение освен промена на Уставот.
Затоа Социјалистичката партија на Македонија бара нови избори и нови кадри кои ќе се борат за својата држава и за иднината на своите граѓани со искрени и чесни намери и политики.