Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) вечерва преку соопштение изрази „длабоко жалење за предвременото заминување“ на претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Дарко Димовски.
„Преку неговото несебично работење, Дарко Димовски го памтиме како смел, принципиелен и жесток борец за работничките права. Димовски беше активно вклучен во општествениот живот и во претставувањето на работниците за што целосно ја имаше нивната доверба и поддршка“, се наведува во соопштението на СПМ.
Социјалистичката партија на Македонија додава дека изразува длабоко сочувство до неговите најблиски, до членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија и до македонските работници.
Димовски, кој почина на 45-годишна возраст по кратко боледување, ќе биде погребан утре во 13:00 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.