Социјалистичката партија на Македонија како позитивен исчекор го оценува признанието на досегашниот премиер и лидер на СДС Ковачевски за нивните грешки во владеењето со државата.
Како големо откритие Ковачевски констатира дека ги научиле грешките за кои наводно знаат кои се, признавајќи го погрешното или катастрофално раководење, поточно безмилосно владеење со државата и владата.
Можеби смета доколку ги признае грешките ќе може да бара уште еден мандат за да ги поправи, или да експериментира во барањето нови решенија за повеќе криминал и корупција.
Ковачевски мора да сфати дека Македонија не е лабораторија во која тој ќе експериментира, ќе учи и ќе греши како се управува државата. За грешките секој мора да одговара.
Граѓаните постојано укажуваа на грешните политики, изразувајќи масовни незадоволства за владините одлуки, нему со потчинетиот СДС и оние безмилосни криминалци од ДУИ, кои немајќи слух посакуваа безгранична власт врз се и секого, жедни за лично богатење преку нечовечки суров грабеж на македонскиот народ и граѓани.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека грешките на Ковачевски си носат последици за него и за власта, со кои сите одродени од СДС и илјада пати потврдените криминалци од ДУИ треба да се соочат со санкциите.
На изборите кои следат СДС и ДУИ мора да бидат поразени и да заминат во историјата како грешни криминални политичари без знаење и легитимитет.
Социјалистичката партија на Македонија