Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска оцени дека нема опасност од војна во Босна и Херцеговина и изрази очекување од високиот меѓународен претставник во БиХ да го измени изборниот закон за да престане да се надгласуваат тамошните Хрвати.
На пригодна церемонија во Широки Брег, Милановиќ на баталјонот Поскок му додели орден за посебни заслуги за нивното учество во војната за независност. Во своето обраќање тој ги отфрли тврдењата дека во таа БиХ постои закана од војна.
– Во БиХ нема оружје. Кому да му се објасни, на оние кои нè плашат со избувнување на воени конфликти и немири. На меѓународната заедница од Сараево, унитаристите. Ќе избие војна во БиХ. Со што? Таа опасност не постои, изјави Милановиќ. Тој посочи дека Хрватска како членка на ЕУ и НАТО мора да се грижи за државата Босна и Херцеговина и за рамноправност на Хрватите во неа.