Односите меѓу родителите и возрасните деца поминуваат низ природни промени со текот на времето, вклучувајќи нови граници и помала зависност на децата од родителите. Додека некои родители се прилагодуваат преку отворена комуникација и здрави механизми за справување, несигурните родители може да прибегнуваат кон манипулативни фрази кои ги намалуваат емоциите на нивните деца.
Ваквите изрази често произлегуваат од стравот од губење контрола и чувството дека повеќе не се потребни во иста мера како порано. Така, според експертите и истражувањата, ова се фрази кои родителите ги користат за да ги намалат чувствата на нивните возрасни деца.
1. „Претерувате“.
Според психологот од Харвард, Др. Кортни Ворен, родителите со нарцистички тенденции ја користат оваа фраза за да ги „намалат и дискредитираат чувствата“ на нивните деца. Со тоа тие се обидуваат да одржат чувство на супериорност и контрола, наместо да пружат разбирање и поддршка, пишува YourTango.
2. „Тоа не се случи така“.
Една студија покажува дека несогласувањата за минатите настани се еден од главните извори на тензија меѓу родителите и возрасните деца. Кога родителот ги негира сеќавањата на децата, тоа не само што ги намалува нивните емоции, туку и ја поткопува меѓусебната доверба.
3. „Така ти кажав“.
Наместо да ги поддржуваат своите деца, некои родители ја користат оваа фраза за да ја истакнат сопствената супериорност. Според терапевтот Патриша Морган, овој пристап не придонесува за здрава комуникација, туку промовира чувство на недоверба и дистанца.
4. „На твои години ми беше потешко“.
Кога родителите ги споредуваат сопствените тешкотии со оние на нивните деца, тие ја намалуваат нивната реалност. Според Lartney Wellness Group, овие фрази често произлегуваат од родителската несигурност и потребата за самопотврдување, што може да го оштети односот со детето.
5. „Ќе разбереш кога ќе пораснеш“.
Оваа фраза имплицира дека возрасните деца не се доволно зрели за да ги разберат сопствените проблеми. Според Институтот Њупорт, емоционалната дистанца е една од главните причини за исклучување помеѓу родителите и возрасните деца, а чувството дека не се слушаат дополнително го продлабочува јазот.
Со препознавање на овие изрази и усвојување поздрава комуникација, можно е да се изградат посилни и поискрени односи засновани на почит и меѓусебно разбирање.