По победата на Јаник Синер над Холгер Руне, Новак Ѓоковиќ „заработи“ пласман во полуфиналната пресметка со Карлос Алкараз.
Во „Зелената група“ Новак имаше учинок од две победи и еден пораз против Руне, што му создаде неизвесност за пласман во полуфиналето.
Организаторите на турнирот во Торино соопштија дека вечер ќе го одиграат полуфиналниот натпревар Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Натпреварот меѓу првиот и вториот тенисер во светот е закажан за 21:00 часот, а ќе можете да го гледате на каналот Спортклуб 1