Полицијата спречи терористички напад во пресрет на изборот за Мис на Белгија доцна синоќа, откако 40-годишен маж беше уапсен поради планирање масакр на изборот.
Белгискиот Њузблат наведува дека е уапсен маж со два пиштоли, од кои едниот во џебот, а другиот во изнајмен автомобил Тесла.
Либр наведува дека полицијата во областа Лимбург била свесна за намерите на човекот пресретнувајќи порака од негов познаник.
Сакаше да нападне. Планирал да направи нешто што можело да заврши многу лошо, а имал и панцир – изјави Ерик ван дер Сипт од државното обвинителство.
Изборот се одржа во Адинкирк во близина на француската граница.
На местото на изборите вечерва биле забележани голем број полицајци, а организаторите решиле натпреварот да се одржи, но тој почнал подоцна.