Спречен уште еден терористички напад; Полицијата веднаш реагираше 

Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, изјави францускиот министер за внатрешни работи.

Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицијата, тие го застрелале, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Руан Николас Мајер-Росинхаул изјави дека нападот на синагогата ја погодува само еврејската заедница, но дека целиот град е во шок.