Спречен шверц на средства за заштита на растенијата, вредноста достигнува до 16 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин „Меџитлија“ спречија обид за шверц на голема количина средства за заштита на растенијата.

Како што соопшти Царината, во раните утрински часови, на 26.08.2025 година, при редовна царинска проверка на патничко возило „Мерцедес“ со македонски регистарски ознаки, во кое патувало семејство кое изјавило дека се враќа од одмор во Турција и на влезот во нашата земја пристигнало преку Грција, царинските службеници откриле 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид „Кораген 20 СЦ“ и 22 шишиња фунгицид „Белис БАСФ“ со вкупна вредност од 16.058,00 евра.

„Дрогата била скриена на неколку места во возилото – во багажниот простор зад куферите со лични работи, во просторот за резервна гума и на задните седишта. Возачот не поседувал соодветна дозвола за увоз, иако стоката е предмет на посебен режим на дозволи, што не ја гарантира безбедноста на производите.“

„Стоката е задржана, возилото со кое била превезувана е конфискувано и против лицето ќе биде покрената кривична постапка. Предметот е префрлен во Одделот за истраги при Секторот за контрола и истраги за понатамошно постапување.“

„Секојдневните напори на царинските службеници во сузбивањето на нелегалната трговија и шверцот се многу важни со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се спречи шверцот на производи што се штетни за здравјето на граѓаните“, велат од Царинската управа.