Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во разговор со претставници на Европската унија и на Квинтата побара од нив да направат се што е во нивна моќ за да го спречат Албин Курти да започне нова војна на Балканот.
„Разговарав со претставници на ЕУ и на Квинта. Ги замолив да направат се што е во нивна моќ и да го спречат Албин Курти да започне нова војна на Балканот“, објави Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм.
Александар Вучиќ се сретна со претставниците на – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија и со првиот човек на делегацијата на Европската унија во Србија.