По 10 години чекање Јелена Карлеуша објави нов албум, а за песните непрестано се зборува.
Сосема поразлично од сето она што досега го има направено па, Карлеуша го „загреа“ Јутјуб, а под новите нумери секоја минута се трупаат бројни прегледи и коментари. Покрај песната за која сними спот наречен „Karlybu*ch“, Јелена сними и дует со Милица Павловиќ. Сепак, песната „Rehabilitacija“ привлече огромно внимание.
Во рефренот на оваа песна Карлеуша пее: ,,Срам за нацијата што дозволи дс трпи едно ѓубре” – стрите зборови во оваа балада предизвикаа лавина реакции на мрежите, а многумина се прашуваат дали таа некому го посветила текстот.
Во моментот кога не помина ниту цел час од објавувањето на целиот албум на интернет, „Рехабилитација“ е веќе омилена песна на многумина.