Срам што фудбалот не го памети: Минута молчење за Бекенбауер, а потоа се случува ОВА (ВИДЕО)

Сериозен скандал во Саудиска Арабија.

Неверојатни настани на натпреварот од Суперкупот на Шпанија во Ријад. Легендарниот Франц Бекенбауер, еден од најголемите играчи во историјата на најпопуларниот спорт, го напушти фудбалскиот свет. Не само во Германија, туку и ширум светот на популарниот Кајзер му оддадоа чест, но во Саудиска Арабија се случи скандал.

Имено, пред почетокот на финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп помеѓу Реал и Атлетико Мадрид, чиј домаќин е Ријад, играчите се гушнаа и застанаа во круг во центарот на теренот, за да му оддадат последна почит на Франц Бекенбауер со едноминутно молчење.

И тогаш сите тие, како и гледачите крај малите екрани ширум планетата, доживеаја шок. Навивачите на стадионот со капацитет од 25.000 луѓе започнаа со прилично гласни свирежи.

А тоа е земја која ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година, земја која често организира куп натпревари за трофејот на клубовите од најсилните европски лиги.