Наташа Краун, која се претставува како плус сајз модел и жена со најголем задник на светот, е доказ дека понекогаш одредена опсесија навистина може да добие бизарни размери. Еден поглед на нејзините фотографии е доволен за да сфатите дека не претерува кога си ја дала таа титула
Наташа, која по потекло е од Србија, иако живее и работи во Гетеборг, е висока околу 178 сантиметри и тешка 135 килограми, а обемот на колкот и е неверојатни 182 сантиметри. Таа истакнува дека нејзин модел е Ким Кардашијан и тврди дека инсистира нејзиниот задник да биде што поголем за да се чувствува „секси и моќно“.
За Наташа одвреме навреме со години се пишува во светските медиуми, иако секако како пример за една крајност и своевидна опседнатост со нереални стандарди на физичкиот изглед. Нејзините профили на Инстаграм често се бришат, па таа е принудена повторно и повторно да создава нови, но има едно место каде што постојано ги споделува своите фотографии, иако за пари, а тоа е, погодувате, OnlyFans.
Нејзините кадри се секако секогаш идентични – во нив од сите агли и во сите пози таа ја покажува својата енормно голема задна страна. Наташа еднаш признала дека троши повеќе од 6.000 калории дневно за да се здебели, деновите ги поминува консумирајќи пици и слатки, а признала дека може да јаде повеќе од шест килограми чоколаден крем месечно. Сепак, пластичните операции секако се главниот виновник за нејзиниот монструозно голем задник.
“Мојата трансформација шокираше многу луѓе. Се здебелив многу, но морам да се здебелам уште 25 килограми. Тешко е да се одржи ова тело. Мора да јадете многу, околу 6.000 калории дневно и мора да вежбате многу“, еднаш рече таа.
Со естетски зафати почнала на 20 години , а колку се променила најдобро говорат нејзините стари фотографии на кои сè уште била природна и изгледала нормално.
Денес Наташа заработува со продажба на фотографии и видеа од своето тело и задник на обожавателите ширум светот, а можеби звучи апсурдно, но таа всушност ги има. „Не мислев дека е можно да се заработи на овој начин, но сега гледам дека тоа е можно. Порано кршев столици, кршев кревети, кршев луѓе. Секогаш бев поинаква“, вели Краунова.
Таа додаде дека мисли дека е позитивен пример, бидејќи тоа покажува дека има различни луѓе низ целиот свет. „Во Шведска жените мислат дека мора да изгледаат убаво, но мислам дека луѓето треба да видат како треба да изгледаат вистинските жени“, рече таа.
Мис Краун, инаку, со години беше русокоса, но потоа се префрли на кампот на бринетите и го промени имиџот – ги зголеми усните, направи нова трајна тетоважа на веѓите, а се чини дека ги подигна и јаготките. Интересно е што таа ги избриша сите стари фотографии од социјалните мрежи, а сега ги има само оние со црна коса и „нов“ лик.
Покрај Инстаграм, оваа 32-годишна девојка отворила и профил на TikTok, каде што е исто така многу популарна, а неодамна признала дека со години нема вистинско момче бидејќи „мажите се плашат од нејзината привлечна надворешност“.