Србинка била мозок на измама вредна над 10 милиони евра

Австриската државјанка со српско потекло Маријана М.(44) е на потерницата на Интерпол во таа земја поради сомнение дека претставувајќи се како шаман, украла над 10 милиони евра во готовина, накит и часовници од неколку угледни семејства од Швајцарија, Германија и Австрија.

Според пишувањата на медиумите во тие земји, осомничената Маријана М. им приоѓала на жртвите пред ординациите и им ги нудела своите услуги кои главно се засновале на шамански ритуали, исцелување од болести и се фалела дека може да предвиди одредени ситуации.

Во меѓувреме, истражителите од долноавстриската криминалистичка полиција успеале да ѝ влезат во трага на Маријана М. откако една од жртвите пријавила дека ја ограбила.

– Полициските истражители успеале да го лоцираат станот во кој престојувала Маријана М., во градот Модлинг. При детален претрес на станот, запленет е сеф во кој имало накит, злато, скапи часовници и пари во вредност од неколку милиони евра. Во овој сеф, покрај 4,1 милион евра во готовина, имало и 2,1 милион швајцарски франци, 5.100 американски долари и 500 германски марки – изјавил за локалните портали извор од истрагата.

Според него, се претпоставува дека Маријана М. и нејзините соучесници предизвикале финансиска штета на луѓе не само во Австрија, туку и во Швајцарија и Германија.

Против Маријана М. е распишана централна потерница од Интерпол, а во тек е нејзино лицирање и евентуално апсење.