Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ реши да го прескокне тренингот на ден пред големото финале на Отвореното првенство на Франција.
Во петокот Новак се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако со 3:1 во сетови го совлада Карлос Алкараз, светскиот тенисер број еден.
Негов ривал во финалето ќе биде Норвежанецот Каспер Руд, кој во полуфиналето беше подобар од Германецот Александар Зверев.
Кога беше објавен официјалниот распоред за тренинзи на Ролан Гарос, многумина беа прилично изненадени кога видоа дека српскиот ас нема да тренира ден пред финалето.
Новак очигледно реши максимално да го искористи слободниот ден за да се одмори и да се посвети на закрепнувањето на телото, за да го дочека решавачкиот меч целосно одморен.
Да потсетиме и Србинот реши да не тренира пред финалето на Австралија Опен, а тоа очигледно беше паметна одлука, откако подоцна во финалето го победи Циципас и го освои трофејот на Грен слем турнирите. Па зошто да го смените победничкиот рецепт…
Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Руд е закажан за в недела од 15 часот.