Србинот Сарана европски првак во забрзан шах, Гоце Шапкароски на 218 место

Натурализираниот Србин Алексеј Сарана ја освои титулата на Европското превентивно во забрзан (рапид) шах во Загреб, а од петмината македонски шахисти најдобар пласман оствари Гоце Шапкароски на 287 место во конкуренција на 439 натпреварувачи од 40 земји.

Сребрениот медал го освои Ерменецот Хаик Мартиросијан, а бронзата Богдан Даниел од Романија.

Гоце Шапкароски по 11 одиграни партии со пет победи и две ремија освои шест бодови и се пласираше на 218 место.

Константин Лушевски со 5.5 поени се пласираше на 242 место, Емил Жежов на 338 место, Ванчо Видиќески на 344, а Јане Шапкароски на 354 место во конкуренција на 57 велемајстори и 55 интернационални мајстори.

Денеска ќе биде одиграно Европското првенство во брзопотезен (блиц) шах, а на програмата се 13 кола според швајцарскиот систем на натпреварување