Србинот ја ‘дрма’ Италија! Италјанските медиуми објавија шокантни вести за Душан Влаховиќ пред Велигден

Не поминува ден, а италијанските медиуми нашироко да не известуваат за фудбалерот Душан Влаховиќ.

Еден ден центарфорот на Јувентус е „распнат“ од критичарите а веќе следниот ден тие го бранат. Сè на сè, тој често е во центарот на вниманието.

Критичарите го обвинуваат дека постигнал само 11 гола на 31 натпревар за Јувентус од кои четири на 17 натпревари откако се опоравил од повредата на препоните.

Оние кои го бранат истакнуваат дека тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри едноставно не знае како да му намести игра на Србинот, а како адут го посочуваат тоа што 22-годишниот напаѓач има постигнато дури девет гола во последните осум натпревари за српската репрезентација.

Директорот на Јувентус, Франческо Калво, застана во одбрана на Душан Влаховиќ, велејќи дека – „Влаховиќ е столб на тимот во наредните сезони“.

Сепак, италјанскиот веб-портал Chalco денес пренесува дека клубот поставил клаузула за продажба на Влаховиќ. Ако некој го сака Влаховиќ ова лето, треба да му плати на клубот 90 милиони евра.

Овој портал пренесува дека „Влаховиќ е незадоволен“ и дека „сака да си замине“, па клубот соодветно реагирал.

Поради оваа причина, цената е одредена, па српскиот напаѓач може да го напушти Јувентус доколку некој понуди 80, 90 милиони евра“, пишуваат тие.

Толкава сума ќе заработи и Јувентус, откако на Фиорентина и платија 80 милиони евра за Душан Влаховиќ.

А „Старата дама“ очигледно не би имала проблем да го продаде српскиот напаѓач.

Италијанските медиуми истакнуваат дека Арсенал минатото лето сакал да го врати Влаховиќ, и дека не се откажале од него. „Топчиите“ не се единствениот клуб од Премиер лигата кој се споменува. Тука е супербогатиот Њукасл, исто така Манчестер Јунајтед и Челзи кои бараат центарфор за следната сезона.

Вториот ешалон на клубови кои би можеле да го доведат Влаховиќ се Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.

Конечно се споменува Реал Мадрид кој во наредните сезони бара замена за Карим Бензема.

Душан ВлаховиќЈувентусфудбал