Србите имаат супер бренд: ,,Eгзит” меѓу најдобрите 5 светски фестивали

Српскиот фестивал „Егзит“ беше вклучен во првите пет најдобри фестивали во светот за 2022 година.

Фестивалот „Егзит“, кој се одржува во Нови Сад, се најде на листата на најдобри фестивали во светот според еден од водечките светски музички медиуми – Диџеј Маг.

Повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет гласаа за најдобриот фестивал во светот.

Белгискиот Tomorrowland го зазеде првото место, а потоа следуваат американските Ultra Music и EDC Las Vegas, а потоа британскиот Creamfields North.

Погледнете го видеово и ќе ви стане јасно зошто ,,Егзит” е толку високо рангиран.