Светски познатата пејачка Шакира доби бронзена статуа долга 6,5 метри во нејзиниот роден град Баранкила, Колумбија.
Оваа вест ги преплави медиумите ширум светот, а на социјалните мрежи следеа хумористични коментари од луѓе од Србија и регионот.
Колумбиската пејачка ја споредуваа со балканската ѕвезда Теа Таировиќ.
Луѓето упорно истакнуваат дека сличноста меѓу нив две е неверојатна, пред сè поради стомачниот танц, по кој и двете се издвојуваат.
Па, само некои од коментарите на Твитер беа овие:
– Искрено, и Теа Таировиќ може да го направи тоа, тие се исти – гласеше хит-коментарот, на кој луѓето се надоврзаа со хумористични пораки.
„Луѓе, ова е Теа Таировиќ“, „И ние ја имаме Теа, извини Шакир, имаме натшревар“, „Нашето е реално подобро“, беа коментарите.