СРБИЈА Е ВО ЦЕЛОСЕН ШОК – Исповед од ‘училницата на смртта’: “Легнав врз моите убиени пријатели за да помисли дека и јас сум мртов…“

Почна да пука по случаен избор, имаше два чаури во рацете, легнав врз двајца наши пријатели за да помисли дека и јас сум мртов“.

Со овие зборови ученик од училиштето во Белград, кој присуствувал на страшниот настан, ги опишал драматичните моменти од пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, пренесуваат соседните медиуми.

Според првичните информации вооруженото момче прво упаднало на час по историја и почнало да пука.

Тој ја напушти училницата, се слушнаа истрели и продолжија. Кога станав, го видов другарот мртов“, вели ученикот за српските медиуми.

Ученикот кажал и дека напаѓачот одел на час со нив. По пукањето ученикот се обидел да побегне, но полицијата набрзо го привела.

Според последните информации, во престрелката загинале осум деца и наставнича и обезбедувањето на училиштето.

БелградсмртСрбијаубиство