Данка Илиќ (2) исчезна денеска во приградската населба Бањско поле кај градот Бор. Потрагата трае веќе три и пол часа, а во моментов околу 300 луѓе трагаат по девојчето.
Иако потрагата траела со часови, од исчезнатото девојче немало ни трага ни глас, јавуваат српските медиуми кои се на леце место.
Во акцијата се вклучија голем број луѓе
Во моментов на терен се полицијата, пожарникарите и волонтерската спасувачка компанија. Во акцијата се вклучија Борчани, пријатели и семејството на исчезнатото девојче.
Областа од 6,7 километри е пребарана неколку пати, но детето се уште не е пронајдено.
Временските услови, поточно дождот кој во моментов паѓа уште повеќе ја отежнува потрагата.
Како што јавуваат известувачите, подигнат е и дрон, а биле донесени и кучиња трагачи. Како што паѓа ноќта, родителите на девојчето се повеќе се плашат. Луѓето се организираат во групи и ја пребаруваат секоја педа.
– Детето беше облечено во виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, со врзана коса. Одговара на името, но сеуште е мала, уште не зборува. Луѓето пријавиле дека ја виделе во близина на зграда, но ја нема – раскажува преплашената мајка на девојчето .
Како што неофицијално се дознава, последен пат наводно била видена од маж како оди кон шумата.