СРБИЈА ПРЕД ПОЛИТИЧКА КРИЗА !? Мариника Тепиќ на инфузија поради нарушено здравје: “Ќе останам во оваа борба додека не се поништат изборите во Белград!“

Партијата на слободата и правдата (ССП) соопшти дека нејзината потпретседателка и носителка на изборната листа „Србија против насилството“ (СПН), Мариника Тепиќ, од сабота, 23. декември, ќе прима инфузија секој ден, бидејќи нејзиниот штрајк со глад, кој започна во понеделник, 18. декември, го згрозува нејзиното здравје.

Да потсетиме, опозициската политичарка Мариника Тепиќ започна штрајк со глад поради бројните измами и нерегуларности кои беа забележани на локалните избори за градското собрание на Белград, кога илјадници (40.000 луѓе) лажни гласачи беа донесени од српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, Република Српска, и од помалите области во Србија да гласаат во Белград. Затоа таа бара поништување на изборите во Белград и спроведување на нови.

Мариника Тепиќ за белградската редакција на телевизијата N1 изјавила дека се чувствува „цврсто“, но таа и објаснила дека мора да биде под постојан надзор на доктор.

Денеска ми зедоа крв за да ги проверат овие параметри. Засега мислам дека се стабилни, но сепак инсистираа да се направи лабораториски тест и да имам постојан медицински надзор“, изјави Мариника Тепиќ зa N1

Без разлика на нарушеното здравје, Мариника Тепиќ вели дека не се откажува од штрајкот и е решена да остане во оваа борба до крај до поништување на изборите кои брутално ги „украдоа“ СНС и Александар Вучиќ.

Покрај неа, во штрајкот со глад учествува уште еден лидер на таа партија, Мирослав Алексиќ, ним им се придружија пратениците од Собранието, Јелена Милошевиќ и Данијела Грујиќ, а од саботата се приклучија и претставниците Јанко и Жељко Веселиновиќ, пишуваат белградските медиуми.

Мариника Тепиќ вели дека нејзиниот штрајк со глад не е ниту претстава, ниту театар, а најмалку фарса, како што сакаат да го претстават режимските медиуми во Србија. Таа нагласи дека се исклучително важни извештаите на Советот на Европа и на Европскиот парламент дека изборите не биле фер. Таа потсети дека веќе имало неколку барања за независна меѓународна комисија, која како и на локалните избори во 1996 година ќе истражува и ќе утврди што точно се случило.

Имаме докази дека странците кои гласале во Белград биле увезени. Волјата на белграѓани е променета во поголем број од разликата во гласовите на СНС и СПН“, предупреди Мариника Тепиќ.

Опозициската ССП ги повика граѓаните да им се придружат на протестот пред зградата на Републичката изборна комисија на 23. и 24. декември за заеднички да испратат порака дека волјата на граѓаните на Србија мора да се почитува и дека „кражбата“ нема да исчезне.

БелградМариника ТепиќполитикаСПНСрбија