До крајот на неделата на Србија ќе и бидат исплатени 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст за Западен Балкан, благодарение на усвојувањето на реформите.
Тоа денеска го изјави потпретседателката на Народното собрание на Србија и претседател на Комисијата за евроинтеграции, Елвира Ковач.
-Од овие 111 милиони евра, 40 милиони се неповратни средства- изјави таа.
Ковач додаде дека таа сума е само седум отсто од вкупните средства за секој корисник во регионот планирани до 2027 година
Таа нагласи дека новата српска Влада ќе биде формирана до крајниот рок – 18 април.