СРЕДБАТА КОЈА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ! Откриен датумот кога ќе се сретнат Владимир Путин и Си Џинпинг

Претседателот на Кинам Си Џинпинг ќе престојува во официјална посета на Русија од 20. до 22. март, соопшти во петокот официјален Кремљ.

Со Владимир Путин ќе разговара за актуелните прашања за натамошен развој на сеопфатните партнерски односи и стратешката соработка меѓу Русија и Кина, а ќе бидат потпишани и голем број важни билатерални документи“, соти во соопштението од Кремљ.

Кина исто така ја коментираше претстојната посета на Џинпинг на Русија. Портпаролот Ванг Венбин на редовен брифинг со новинарите соопшти дека целта на посетата е дополнително да се продлабочи билатералната доверба меѓу двете земји.

Владимир ПутинКинаРусијаСи Џинпинг