– Американскиот претседател Џо Бајден ќе има средба со германскиот канцелар Олаф Шолц на 3 март во Белата куќа, соопшти денеска американската влада, јави ДПА.
Најважната тема на разговорите меѓу двајцата лидери ќе биде војната на Русија против Украина и како да му се помогне на Киев. До моментот на средбата, првата годишнина од војната ќе биде веќе помината.
Се очекува да се разговара и за други прашања поврзани со безбедноста, како што се односите со Кина. Тоа ќе биде втора посета на Шолц на Белата куќа откако стана канцелар во декември 2021 година.