Лидерите на ЕСП, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити како и советникот на премиерот Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, денеска за време на престојот во САД, имаа важна средба во Американскиот Стејт Департмент.
И на оваа средба беше истакнато дека коалицијата ЕСП е на иста линија со интересот на САД во регионот на Западен Балкан. Во оваа прилика, лидерите на албанската опозиција ги информираа домаќините за политичките актуелности во РСМ, како и за конструктивната улога на коалицијата Европски сојуз за промени за демократизација на земјата и нејзина интеграција во ЕУ.
Поддршката на САД за Северна Македонија ја зајакнува нашата благородна мисија за борба против корупцијата и членството на земјата во ЕУ.