Во рамките на денешните активности министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со претседателот Илија Господинов и претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
На средбата министерот Тошковски беше запознаен за нивната структура и тековните активности, како и за важноста на нивната индустрија која има сериозен удел во македонската економија.
Имајќи го предвид фактот што се работи за индустрија која главно е извозно ориентирана и заради нивно непречено функционирање на средбата Тошковски посочи дека како Министерство ќе им се излезе во пресрет на нивните членови во делот на проблемите со промена на патните исправи.
На крајот беше заклучено дека во иднина треба сите заеднички да инвестираме во дигитализација на македонското општество со цел граѓаните да можат непречено да ги добиваат услугите од државните институции во најбрз можен рок.
Министерство за внатрешни работи