“Војводата Христијан Мицковски бил или делувал како идеолошки наследник на Четничкиот вардарски корпус”, ова напиша поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во својот фејсбук статус како одговор на констатациите на Христијан Мицкоски изнесени против него во последното интервју или поткаст на Мицкоски на Сител телевизија.
Георгиевски вели дека тој не бил татин син, очигледно алудирајќи на улогата на татко му во кариерата на Мицкоски.
Со 25 години имав три книги напишано, член на ИК на МААК, организирав и го создадов ВМРО со Б.Змејковски, победив на првите избори и станав Потпреседател на Македонија. За разлика од денешниот војвода кој прв пат се појавува во ВМРО – Карпош 2016 година заедно со татко му, пишува Георгиевски.
Георгиевски посебно го елаборираше бизнис успехот на новиот лидер.
Ако се извадат податоците од кредитното биро јасно ќе се види дека фирмите на новиот лидер имаат драстично поголем и обрат и профит од моите, а заедно со оние на баџанакот одама го имаат надминато статусот среден бизнисмен. А за чесноста друг пат!, пишува тој.
На констатацијата дека ” Љ.Г како потпросечен студент во девеесетите добил шанса”, Георгиевски вели дека најправин би го цитирал Ниче: “Големината на Наполеон никогаш нема да ја разберете од мемоарите на неговата собарка”.
Прво за шансата, кога дојдов во Скопје на 19 години не познавав никого. Никој не ми отвараше врати, никој не ме препорачуваше некаде, никој не ме запознаваше со некој, пишува екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение го објавуваме целиот фејсбук статус на Георгоиевски: