Српската премиерка ги отфрли тврдењата дека системот потфрлил

Српската премиерка Ана Брнабиќ ги отфрли тврдењата дека системот потфрлил во случајот со пукањето во белградското училиште во кое загинаа девет лица.

Таа за прорежимската ТВ Пинк изјави дека мерките што ги донесе нејзиниот кабинет интензивно ќе се спроведуваат.

Според премиерот, сите мора да се обидат да ги смират работите во Србија „пред се поради децата на Србија и состојбата на психоза во која западнавме и да се обидеме да одиме напред“.

Брнабиќ рече дека никој не може да се помири со неверојатната и неразбирлива трагедија.

Премиерот рече дека нема ниту еден човек во владата кој не заплакал, додавајќи дека „наше е да видиме што можеме да поправиме“.