Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац денеска е нападната во центарот на Мадрид и за случајот е отворена истрага.
Амбасадорката попладнево била нападната на улицата каде што живее, а напаѓачот и го повредил грбот. Од изјавите на присутните сведоци се сомнева дека, според неговиот говор, се работи за лице со албанско потекло.
Ирена Шарац е родена на 9 април 1980 година во Белград. Завршила Специјални академски студии – Меѓународни односи.
Има долгогодишно работно искуство во дипломатијата како помошник министер за надворешни работи за билатерална соработка со звање амбасадор, во МНР работела и како раководител на Одделот за Азија, Австралија и Пацифик, како и во секторот за билатерална соработка. Била и советник задолжен за Народна Република Кина, Република Кореја и Монголија. Работела и во Амбасадата на Република Србија во Народна Република Кина и Грција.
Зборува англиски и кинески, како и шпански и француски.
Веднаш по нападот, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ објави дека амбасадорката Шарац била физички нападната во Мадрид.