СРПСКА ПЕЈАЧКА – ШВАЈЦАРЦИТЕ ЈА ПРОГЛАСИЈА ЗА НАЈПОПУЛАРНА ПРОСТИТУТКА ВО НИВНАТА ДРЖАВА (ФОТО)

Неодамна ја контактирале и по тој повод и направиле приказна со неа, а најголемо внимание привлекла нејзината основна занимација, односно проституцијата.

Трансродовата пејачка Електра Елит е прогласена за најпопуларна и најпозната проститутка во светот.

Имено, швајцарските медиуми со денови пишуваат за животот на Електра Елит, па таа утрово заврши на централната страница на локалниот дневен весник „20 Minuten“.

Од кога се прослави во Србија и регионот, и поради музичката кариера и поради бурниот живот, светските новинари почнаа да се прашуваат за неа.

Неодамна ја контактирале по тој повод и направиле приказна со неа, а најголемо внимание привлекло нејзиното основно занимање, односно проституцијата. Познати се многу детали кои Електра ги откри во јавноста: од нејзината цена до различни клиенти. Денес нејзината приказна е тема за која постојано се зборува во Швајцарија, а според пишувањата таа вест е најчитана во изминатите неколку часа. Интересно е и тоа што Електра доби нов прекар „Кралица на тротоарите“.

Електра беше прогласена за „кралица на тротоарите“, а државата Швајцарија ја прогласи за најпозната проститутка…

– Ова е неверојатно, повици и пораки доаѓаат од сите страни. Знам дека луѓето се заинтересирани за мојот живот, но не верував дека ќе има таква сензација во Швајцарија. Само сум искрена и кажувам како што е, па и со новинарите од Швајцарија разговарав за се – изјави Електра.