Српскиот НБА тренер „полуде“ и го нападна судијата, неговите играчи едвај го задржаа

Возбудливо беше и вечерва на терените во НБА, каде се одиграа девет натпревари, а кошаркарите на Торонто беа поразени од Мемфис Гризлис со 155:126 во неверојатен натпревар.

Натпреварот го одбележа испадот на српскиот стручњак Дарко Рајаковиќ, тренер на Торонто, кој во еден момент едвај го задржаа неговите кошаркари да не се нафрли и да го удри судијата.

Рајаковиќ беше бесен поради одлуката на судијата да не досуди фаул и целосно полуде, но за среќа немаше физички контакт меѓу него и судијата. Се се случи во четвртата четвртина, кога Рајаковиќ беше отстранет од теренот.

Џерен Џексон Јуниор го предводеше Мемфис до победата. и Зек Еди со по 21 поен, а Еди имаше и 16 скока.

Ноќта ја одбележа и одличната партија на Шаи Гилгеус-Александер, кој со 45 поени ја предводеше Оклахома до триумф од 120:114 над Индијана.

Без повредениот Џанис Антетокунмпо, Милвоки Бакс беа поразени од Бруклин Нетс со 111:105, а Камерон Џонсон ги предводеше Нетси со 29 поени.

Резултати :

Индијана – Оклахома 114:120

Орландо – Мајами 88:89

Вашингтон – Шарлот 113:110

Атланта – Чикаго 141:133

Мемфис – Торонто 155:126

Милвоки – Бруклин 105:111

Њу Орлеанс – Хјустон 111:128

Портланд – Јута 122:120

Сакраменто – Детроит 113:114