Српскиот селектор Вељко Пауновиќ неодамна доби отказ од мексиканскиот клуб Тигрес, но тој сè уште го напушта Мексико како херој бидејќи спасил живот на еден човек на заминување од земјата.
Пауновиќ доби отказ по победата против Некакса во мексиканскиот шампионат, бидејќи ниту тоа не ги убеди челниците на клубот да го задржат на клупата по претходните два последователни порази.
Стратег од Србија вчера се упатил кон аеродромот за да се врати во татковината, а во близина на аеродромот бил сведок на сообраќајна несреќа. Автомобилот удрил во пешак и возачот побегнал од местото, а Пауновиќ без размислување излегол од возилото и на повредениот му пружил прва помош.
Со својата брза реакција, Пауновиќ му го спасил животот на човек кој се испостави дека е навивач на Тигрес, кој неколку дена претходно го исвиркал Пауновиќ од трибините, јавуваат медиумите во Мексико.
Пауновиќ минатото лето го презеде Тигрес, а претходно раководеше со Гвадалахара во Мексико.
Претходно во кариерата раководеше со Ридинг во Англија и Чикаго Фајр во МЛС лигата, додека беше светски првак со младинската репрезентација на Србија.