Српскиот пејач Дарко Лазиќ доживеал тешка сообраќајна несреќа во Белград. Го удрил автобус, а во автомобилот била и неговата сопруга.
Несреќата се случила на автопатот во близина на Белградската арена, а Дарко се враќал со сопругата Катарина од промоцијата на албумот на нејзината сестра.
Фолкерот беше извлечен од колата, а вратата мораше да се исече за да се ослободи.
Според информациите на Телеграф, Дарко Лазиќ бил во Военомедицинската академија каде што му биле направени тестови и компјутерска томографија на главата откако се пожалил на главоболки. Имал и исекотини. Сепак, набрзо бил пуштен дома.
Српските медиуми објавија дека неговата сопруга Катарина била примена во друга болница во Земун, а исто така се пожалила на болки во главата и исекотини.
Исто така, Телеграф објави како се случила сообраќајната несреќа, наведувајќи дека Лазиќ, додека се обидувал да ја смени лентата, удрил во задниот дел од автобусот со предниот лев дел од возилото. Поради силата на ударот, автомобилот во кој патувале Лазиќ и неговата сопруга се одбил и удрил во насипот.
Во последните години, пејачот беше вклучен во неколку сообраќајни несреќи поради пребрзо возење под дејство на алкохол. Во 2018 година, тој доживеа сериозна сообраќајна несреќа каде што помина два месеци во болница. Имаше скршени 12 ребра, скршен колк, скршена карлица и беше во кома 23 дена.