Не се задоволни…
Српската фудбалска репрезентација е елиминирана од Европското првенство по ремито без голови со Данска во последниот натпревар од групната фаза. Средбата на „Алијанц арената“ беше една од најдосадните на турнирот и српскиот тим упати само еден удар во рамката од голот.
„Орлите“ одиграа слабо, имаа среќа во првиот дел од мечот, а во остатокот можеби беа оштетени од пенал, но тоа не е оправдување за играта што ја прикажаа.
Фудбалерите на крајот од натпреварот сакаа да го споделат овој момент со навивачите, но публиката не беше задоволна.
Тие гестикулираа да си одат и со свирежи ги избркаа од трибината.
Navijači Srbije oterali igrače posle ispadanja sa Eura! pic.twitter.com/kzuiu2GTBm
— Premier99 (@Premier99999) June 25, 2024