Српските јутјубери доживеаја тешка сообраќајна несреќа

Српските Јутјубери, Stubers, доживеаја сообраќајна несреќа во близина на Будимпешта.

По несреќата се огласија на нивниот канал на Јутјуб и детално објаснија како дошло до несреќата.

„Само да знаете дека сме добро, во едно, тоа е единственото нешто што е важно. Кога го започнавме ова видео, не ни можевме да замислиме дека ова ќе се случи“, велат тие на почетокот на видеото.

На видеото кое го споделија може да се види целосно уништениот автомобил, како и спасувачките служби.

Малку ме боли раката, но не е страшно“, рекол Јутјуберот.