СРПСКИ ГРАЃАНИН РАНЕТ ВО ИЗРАЕЛ: Еве каква е неговата состојба

Српски државјанин е ранет во Израел , изјави почесниот конзул на Србија Александар Николиќ.

– За среќа повредите се полесни. Се слушнавме на телефон, тој беше примен во болница и веќе е отпуштен , изјави Николиќ за РТС.

Според него, денешниот лет на „Ер Србија“ бил полн, а за утре и задутре претпладне се планирани дополнителни летови на „Ер Србија“ за Белград.

Сирените за воздушен напад се огласија вчераутро во јужен и централен Израел по ракетниот напад од Појасот Газа.

Лидерот на Хамас Мухамед Деиф вели дека ова е денот на најголемата борба и последниот ден од окупацијата, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху укажува дека земјата е во војна. Седницата на Советот за безбедност на ОН во недела.