Српски суд го укина обвинението за убиство на малата Данка, ќе се прави нова реконструкција

Aпелациониот суд во Ниш го укина обвинението за убиството на Данка Илиќ (2), според кое за ова тешко кривично дело се обвинети Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, а за прикривање на Радослав Драгијевиќ, пренесуваат српските медиуми.

Пред тоа, Вишиот суд во Зајечар го потврди обвинението, но бранителите на обвинетите поднесоа жалби до повисокиот суд, кој го усвои предлогот и предметот го врати на одлучување во првостепениот суд.

Нишката апелација соопшти дека го упатува предметот на повторно одлучување „пред совет со целосно изменет состав“. Притоа во соопштението вели дека судот ќе нареди истрагата да се дополни со нова реконструкција на случајот со повторно испитување на мајката на девојчето.

„Судот ќе нареди истрагата да се дополни со спроведување на реконструкција врз основа на 31, став 3 од ЗКП исказот на секој обвинет поединечно, особено врз основа на исказот на мајката на детето И.И. која требаше повторно да биде сослушана како сведок, сето тоа под идентични метеоролошки услови, време од денот и со идентични меѓусебни позиции на зградите и паркираното возило во дворот од куќата на оштетената . И.И. во населба „Бањско поле“ и позициите на службените возила 3 на улицата кај куќата-пасиште“, се вели во соопштението.