Во Израел е прогласена воена состојба, а од претходниот ден борбите се уште траат. Израелската Армија изведува напади врз цели на организацијата Хамас, од каде утринава беа извршени многу ракетни напади.
По оваа страшна вест, на социјалните мрежи се огласи и пејачката Ноа Кирел, која годинава ја претставуваше Израел на Евровизија со песната „Еднорог“, која освои многу симпатии кај публиката.
„Ми беше исклучително тешко да ги сварам последните 24 часа и сè уште се обидувам да ги најдам вистинските зборови за да ја изразам огромната болка низ која поминуваме јас и мојата земја. Вчера, рано наутро, врз нас беа испукани над 3.000 ракети, повеќе од 300 наши браќа и сестри беа заклани од терористи кои се инфилтрираа во нашите градови, повеќе од 1.000 беа повредени, а нашите војници и цивили се киднапирани и одведени во Појасот Газа. Моето срце боли за жртвите и семејствата погодени од овој разорен масакр. Моето срце е со вас и се молам за брзо враќање на нашите браќа и сестри дома. Не се сомневам дека ќе победиме“, напиша Ноа Кирел во објава на социјалната мрежа Инстаграм.