„СРЦЕТО МИ СЕ КРШИ“ Наташа Беквалац јавно ја поддржа Северина поради земање на старателството

На Хрватската пејачка Северина Врховниот суд целосно и го одзеде старателството над синот, кое му припадна на неговиот татко Милан Поповиќ, кралот на бакарот.

Се огласија бројни познати личности од локалната забавна сцена , меѓу нив и Сека Алексиќ и Ана Бекута , а сега на својот Инстаграм профил се огласи и пејачката Наташа Беквалац.

Имено, Наташа ја сподели објавата на Северина со која напиша:

– Од вчера, кога ја прочитав оваа трагедија на вестите, срцето ми се кине. На Северина и посакувам натчовечка сила да го заштити и врати своето дете. На децата место им е до својата мајка – напиша таа.