За кратко време ќе имаме заедничко решение за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор
„Мислам дека за многу кратко време ќе дојдеме до заедничко решение, што и како ќе се случува со платите на вработените во јавниот сектор, за колкав процент ќе пораснат и дали ќе има исплатата на регресот за годишен одмор и колкав ќе биде. Министерството за финансии треба да ги направи дополнителните пресметки во текот на денот и да ни ги достави за да можеме да донесеме одлуки на нашите органи и тела“,
рече Трендафилов.