Ставете коцка мраз на плескавицата- ова е МАЈСТОРСКИ ТРИК за најсочно, највкусно месо: Еве како да ги подготвите!

Се обложуваме дека ова звучи како ужасна идеја на прв поглед, но вистинските мајстори за скара знаат дека ова е вистинскиот трик за незаборавен вкус на скара. Ако сте решени денес да подготвите првомајска скара за која ќе се зборува, не излегувајте од дома пред да се опремите со овие алатки за мајстори за скара! Еве за што се работи.

МРАЗ ИЛИ ПУТЕР

Знаеме дека изгледа како мразот да нема место на оваа слика. Меѓутоа, ако ставите коцка мраз на средината на плескавицата додека ја печете на скара, ќе добиете уште повкусно месо бидејќи ќе остане сочно во сите услови.

Истиот ефект можете да го постигнете и со коцка путер. Затоа, ставете коцка путер во средината на месото и нема шанси вашето месо да не биде сочно.

СОК ОД ЈАБОЛКО

Уште еден трик на кој се колнат мајсторите на скарата. За дополнително сочно месо, повремено посипете го со сок од јаболко за време на печењето.

ЛЕСНО ПЕЧЕЊЕ

Ако подготвувате скара за многу луѓе, почнете да го печете месото на тивок оган пред да почне друштвото да се собира. Погрижете се да е речиси готово и тргнете го од оган. Кога ќе дојде време за послужување, само вратете го месото на висока температура – целото месо ќе биде готово во исто време и никој нема да заврши со ледена скара додека чека остатокот од забавата да го добие својот дел.

РАСПРЕДЕЛЕТЕ ЈА ТОПЛИНАТА

Најголемата грешка што ја прават многу мајстори за скара е преварувањето на месото. Овој проблем можете да го решите со поместување на јагленот така што едната страна од скарата е помалку жешка и на неа ќе можете да ставите готово месо без ризик од преварување – а сепак ќе биде топло.