Капитенот на Лас Палмас, Џонатан Виеира, одлучи да стави крај на фудбалската кариера.
Џонатан Виеира за тоа ја информираше јавноста преку социјалните мрежи. Искусниот 34-годишен фудбалер не беше во тимот за натпреварот против Раја Ваљакано во претходното коло, па почнаа шпекулациите што се случува со него.
Сепак, никој не ја знаеше точно причината, се додека самиот фудбалер не ги објави шокантните детали дека става крај на кариерата поради болест на сопругата.
Сопругата на Џонатан Виеира, Естефанија, на социјалните мрежи објави дека „го откриле тоа чудовише во нејзе“, мислејќи на туморот на матката кој и бил откриен.
Џонатан Виеира одлучи дека му е поважно да остане со сопругата во најтешкиот момент, отколку да продолжи да игра фудбал.
„Секогаш вака со насмевка. Тоа беше нашето најдобро оружје. Те сакам“, рекол Шпанецот, кој со сопругата има еден син.