Сталин и Хитлер се забранети имиња на бебиња во Шпанија, еве уште кои други

Во Шпанија не е можно на децата да им се даваат имиња кои имаат негативна историска конотација, па затоа имињата Осама бин Ладен, Сталин, Луцифер, Јуда, Каин и Хитлер се изрично забранети во таа земја.

Возбудените идни родители честопати го дочекуваат раѓањето на своето дете со име веќе на ум, меѓутоа, постојат одредени имиња кои се забранети во Шпанија.

Членот 54 од Законот за регистри од 8 јуни 1957 година предвидува забрана за имиња „кои објективно му нанесуваат штета на некое лице, збунувачки при идентификацијата и кои доведуваат до заблуда“.

Имињата како Осама бин Ладен, Сталин, Луцифер, Јуда, Каин и Хитлер се изрично забранети, бидејќи законот забранува употреба на имиња кои имаат негативна историска конотација. Исто така, според законот, „имињата се забранети доколку се екстравагантни или во комбинација со презимиња се во спротивност со пристојноста и достоинството на личноста“, пишува JuroWeekly.

Законот ги забранува и целосните имиња на познатите личности, како што е Фреди Меркјури.
Во матичната книга на родените се забранети и прекари. Значи момчето не може официјално да се вика Пепе или девојката Лола.

Презимињата не можат да се користат како имиња, така што имињата како Фернандез не можат да се даваат на новороденото бебе.

Иако имињата на унисекс се во тренд, законот исто така забранува секое име што предизвикува забуна за полот на детето, на пример, име како Хуан не може да се даде на девојче, а Марија на момче.

Понатамошните ограничувања им забрануваат на родителите да ги именуваат своите деца по официјален бренд или фирма, како што е Гучи, или да ги именуваат децата по главни градови, градови или акроними.

Доколку нивните деца се родат во Шпанија, актерката Гвинет Палтроу и пејачот Крис Мартин од Колдплеј нема да смеат да и дадат име на својата ќерка Епл, ниту пак Канје Вест и Ким Кардашијан своето дете би го именувале Чикаго.

Исто така, членот 51 од Законот за матичните книги предвидува дека на браќата и сестрите не може да им се даваат исти имиња, па ако парот има дете по име Хуан, неговите браќа не можат да се викаат Хуан, ниту пак да го носат тоа име преведено на друг јазик на пример, неговиот македонски еквивалент – Јован.

Единствен исклучок е ако починал брат или сестра со исто име.
За конечната одлука е одговорно службеното лице во матичната служба во моментот на регистрацијата.