Цените на становите во првиот квартал од годинава се зголемени за 7,2 отсто на квартална основа, а за 19,4 отсто на годишно ниво, покажува индексот на цените на куќите на Народната банка.
Во првиот квартал од минатата година, цените на становите забележаа годишен пораст од 4,7 отсто и квартален пад од 0,8 отсто, што беше прво минимално квартално намалување по подолг период од последното намалување од еден отсто во третиот квартал од 2020 година.
Во третото тримесечје од минатата година годишниот раст изнесуваше осум отсто, додека на кварталниот пад од 0,3 отсто, по што растот продолжи повторно во четвртиот квартал на квартално ниво од 3,3 отсто и годишно ниво од 10,6 отсто.
Индексот на цените на становите го изработува БПРМВ, врз основа на податоци поврзани со станови објавени за продажба на територијата на град Скопје.